Од денес стартуваат 11 нови авиолинии од двата македонски аеродрома

0
76

Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека од 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел, а од Скопје кон Стокхолм, Штутгарт, Бари и Ларнака. Од 3 ноември ќе започнат линиите кон Женева и Мадрид, а од 15 декември – кон Прага и Келн. Во април следуваат Будимпешта и Неапол.

„Ова е најголемата експанзија на авиолинии во последните децении и силен поттик за туризмот и економијата,“ изјави Николоски.
Во зимската сезона (до 28 март 2026), од Скопје ќе се лета кон над 40 европски дестинации, меѓу кои Виена, Белград, Париз, Рим, Берлин, Лондон, Милано и Истанбул. Од Охрид ќе има летови кон Цирих, Базел, Дортмунд, Виена и Меминген.