Наврнаа дури 86 литри дожд, обилни врнежи во Македонија

0
27

Насекаде низ Македонија ова утро има обилни врнежи од дожд, а особено обилни врнежите проследени со силен ветер и со локална појава на грмежи беа во западните предели од нашата Македонија. Пообилни врнежи имаше и во Скопје и околината.

Најмногу дожд до утрово во 7 часот наврна на Попова Шапка дури 86 литри дожд на метар квадратен.
Од градовите до 7 часот утрово најмногу дожд наврна во Крива Паланка и тоа 57 литри дожд на метар квадратен, Маврови Анови 54, Виница со 28, Штип 20 литри дожд на метар квадратен.

Утринските температури се движеа од 3 степени на Попова Шапка до 12 степени во Битола.

Штип со максимална утринска температура од 10 степени.