„Гладијаторите“ од Штип го освоија Балканот: Два златни и бронзен медал за Јанковски, Јанев и Тасева

0
112

Викендов, членовите на КБК „Гладијатор Фајт“ од Штип учествуваа на престижниот Балкански куп во Тешањ. Тимот го претставуваа тројца од најдобрите натпреварувачи, кои постигнаа одлични резултати во своите категории:

Јован Јанковски – 47 кг – златен медал
Баже Јанев – 32 кг – златен медал
Антонија Тасева – 60 кг – бронзен медал