ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Моментот кога тројца Турци со нож избодеа лице во Црна Гора, предизвикаа вонредна состојба и доведе до апсење на 45 турски државјани

0
11

Црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани.

Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со прободувањето со ладно оружје на жителот на Подгорица М. Ј.
Девојката на момчето, кого Турци го избодеа во Подгорица изнесе – „Веднаш извадија ножеви, многу искрвари“.

Како што објавија медиумите во Подгорица, група турски државјани нападнаа група жители на Подгорица прексиноќа, а еден од младите мажи од Подгорица претрпел седум убодни рани.
Неговата девојка за ТВЦГ ги раскажа деталите за нападот.

„Турците минуваа, првата група од тројца, а втората зад нив. Пееја и викаа, и прашуваа дали има проблем. Моето момче стана и праша што е тоа и дали има проблем, а тие рекоа да. Веднаш извадија ножеви и го нападнаа. Фала му на Бога што не се повредени витални органи, но многу крвареше и има повреда на главата“, рече девојката.

Тројца турски државјани синоќа се забарикадираа во казино, откако, според очевидци, група мештани се обиделе физички да се пресметаат со нив. Откако ги извеле од казиното, полицијата привела двајца турски државјани, а според неофицијални информации од Телевизија Вијести, еден од нив е осомничен дека е вмешан во нападот врз младиот човек.

Превземено: Вечер/Инстаграм/Плусинфо