Пронајдено оружје кај жител на Рашче. Полицијата одзеде 7 пиштоли и над 300 куршуми

0
74

На 24.10.2025 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по претходна судска наредба извршија претрес во домот и други простории како и товарно возило “мерцедес” сопственост на Б.Х.(51) од с.Рашче,скопско при што биле пронајдени и одземени: 7 пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.