Изгласан задолжителен воен рок за мажи од 19 до 30 години во Хрватска

0
24

Парламентот на Хрватска изгласа измени на Законот за одбрана и служба во вооружените сили, со што се враќа задолжителниот воен рок од почетокот на 2026 година. Воениот рок ќе трае два месеци, а регрутите ќе примаат месечен надомест од 1.100 евра. Службата ќе им се признава како работен стаж. Обврската важи за сите мажи на возраст од 19 до 30 години. Жените се ослободени од задолжителна служба, но можат да се пријават доброволно.

Оние кои ќе изразат приговор на совеста ќе можат да ја отслужат својата обврска преку цивилна служба – во рамки на Цивилната заштита при Министерството за внатрешни работи или во локалните единици. Цивилната обука ќе трае три месеци секојдневно, а работата во локалните служби за заштита и одржување ќе трае четири месеци.

Лицата кои ќе го отслужат воениот или цивилниот рок ќе имаат предност при вработување во државните и локалните институции, доколку ги исполнуваат истите услови како и другите кандидати.