Еден час повеќе сон. Зимското сметање на времето стартува ноќеска

0
52

Зимското сметање на времето започнува ноќеска, на последниот викенд од октомври. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето ќе се врати на 2 часот.

Оваа промена значи дека граѓаните ќе спијат еден час подолго, а деновите ќе почнат порано да разденуваат, но и порано да се стемнуваат.
Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање.
Промената се спроведува согласно европската регулатива за усогласување на времето меѓу државите. Поголем дел од земјите во Европа сè уште ја применуваат оваа практика, со исклучок на Исланд, Русија и Белорусија.

Иако Европскиот парламент во март 2019 година изгласа укинување на сезонското менување на времето, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.
Сезонското менување се применува и во повеќето држави од Северна и Централна Америка, додека во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и земјите од Африка часовниците остануваат непроменети во текот на годината.