Бугарија: Д-р Станимир Хасарџиев и актер уапсени за сексуална злоупотреба

0
29

Претседателот на Националната организација на пациенти во Бугарија, д-р Станимир Хасарџиев, и актерот Росен Белов се уапсени за сексуална злоупотреба на 20-годишен маж кој, според истрагата, бил дрогиран. Во случајот се вклучени уште двајца осомничени, а Хасарџиев и Симеон Дрјановски се во притвор, додека Белов и грчки модел се во домашен притвор.

Жртвата успеала да избега, но е хоспитализирана поради интоксикација со дрога. Во станот биле пронајдени дрога и пиштол. Организацијата на пациенти се дистанцира од постапките на Хасарџиев и започна реструктуирање за да ја врати довербата во јавноста.