Хрватскиот парламент денес, со 84 гласа „за“, 30 воздржани и 11 „против“, го измени Законот за одбрана, со што се потврдува повторното воведување на задолжителна основна воена обука.
Основната воена обука ќе трае два месеци, првите повици ќе започнат до крајот на годината, а првите регрути во касарните во Книн, Слуњ и Пожега се очекуваат на почетокот на следната година. Како што објави Министерството за одбрана, планирано е годишно да се повикуваат околу 4.000 регрути, поделени во пет генерации.
Сите 18-годишници се регистрирани во воениот регистар и ќе бидат испратени на воена обука во календарската година кога ќе наполнат 19 години.


