Судот во Турција донесе одлука со која ја отфрли тужбата во врска со конгресот на најголемата опозициска партија во оваа земја, каде што Озгур Озел беше избран за лидер на оваа партија.
Доколку судот го поништеше конгресот и го отстранеше Озел, најверојатно ќе назначеа комесар да ја води партијата или ќе го вратеа поранешниот претседател Кемал Киличдароглу, кого Ердоган го победи на изборите во 2023 година, но кој оттогаш изгуби голем дел од довербата во Републиканската народна партија.
Центристичката Републиканска народна партија е изедначена со конзервативната Партија на правдата и развојот на Ердоган во повеќето анкети.



