Најмалку 20 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во јужна Индија, откако приватен автобус се судрил со мотоцикл и потоа се запалил по истекување на гориво. Несреќата се случила на патот меѓу градовите Бангалор и Хајдерабад, јавуваат индиските медиуми, повикувајќи се на локални власти.
„Од 41 патник, 21 лице се спасени. Од останатите, досега се идентификувани телата на 11 жртви“, изјави окружниот службеник А. Сири за новинската агенција ANI.
Ова е втора голема трагедија од ваков вид за еден месец – минатиот месец во државата Раџастан загинаа 19 лица кога се запали приватен автобус, пренесе Ројтерс.
Иако Индија е трет по големина пазар на автомобили во светот, земјата и понатаму важи за една од државите со најсмртоносни патишта – минатата година во сообраќајни несреќи загинале повеќе од 180.000 лица.

