„Потписи на Пинк Пантер“ носи грабежот во Лувр, изјави експертот за безбедност Вил Гедес

0
52

Експертот за безбедност Вил Гедес, кој има искуство во истражување на уцени, изнуди и кражби на уметнички дела, изјави дека начинот на кој е извршен грабежот на наќит во Лувр „носи потписи на Пинк Пантерите“.

Криминалната мрежа, чии членови главно доаѓаат од земјите од поранешна Југославија – вклучувајќи ги Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина – е позната по своите прецизно планирани и смели кражби, пишува британскиот „Метро“, објави 4NEWS.mk Интерпол проценува дека мрежата има околу 800 клучни членови ширум светот.

Пинк Пантерите веќе се поврзани со кражбата на дијаманти во вредност од 23 милиони фунти од лондонскиот јувелир Граф во 2003 година, како и со големи грабежи на музеи, вклучувајќи ја и кражбата на дела од Моне, Ван Гог, Сезан и Дега во вредност од повеќе од 119 милиони фунти од музеј во Швајцарија во 2008 година.

Превземено: Шило.мк