Поранешниот грчки премиер Ципрас се враќа на политичката сцена

0
27

Непишаното правило во Грција вели дека поранешните грчки премиери треба да се воздржуваат од враќањето на сцената.
Тоа не е опција за Алексис Ципрас, кој управуваше со Грција сред должничката криза од 2015 до 2019 година. И покрај тоа што последните години беше повлечен, поранешниот идол на грчката левица сега работи на политички „кам-бек“.
После бројните гласини, Ципрас, конечно, призна дека сака да основа нова партија.
Во интервју за левичарскиот весник „Ефимерида тон Синтактон“ , поранешниот премиер рече дека сака да ја „реорганизира прогресивната опозиција, која денес не ја исполнува својата општествена улога“.
Заминувањето на Ципрас би значело и дооплнително тонење на „Сириза“, партија која денеска има едвај 4% доверба од граѓаните, и едвај би влегла во Парламентот ако сега се одржуваат избори.