Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашната седница ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори – 37 за постапката за утврдување и сумирање на резултатите и 20 за самото гласање.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека сите приговори биле разгледани во законскиот рок и образложени на јавна седница. Дел од нив биле повлечени, а дел одбиени како неосновани или недозволени.
Решенијата ќе бидат изготвени во рок, а подносителите имаат право на тужба пред Управниот суд, по чија одлука ќе бидат објавени конечните резултати во општините каде што имало приговори – меѓу нив Арачиново, Бутел, Прилеп, Велес, Гази Баба, Чаир и Чашка.
Во 33 општини каде што не беа поднесени приговори, ДИК веќе ги објави конечните резултати за избор на градоначалници, а за 64 општини се потврдени и резултатите од изборите за советници.


