Во населбата Средишќе во Загреб, на улицата Еде Муртиќа спроти Музејот на современа уметност, утрово се случила пукотница.
Поранешниот полицаец и аматерски актер Леон Лучиќ пукал и ранил маж, државјанин на Босна и Херцеговина, по што избегал. Тој бил уапсен околу час и половина подоцна откако наводно се предал на полицијата.Лучиќ станал познат на пошироката јавност благодарение на неговата улога во серијата на RTL „Криминална екипа 2“. Кариерата на Лучиќ по полициската служба и актерскиот ангажман била обележана со низа кривични дела, вклучувајќи обид за изнуда, закани со смрт и физички напади.


