Србија – Вучиќ: Терористички напад пред Собранието

0
51

Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста во врска со пукањето што се случи пред Народното собрание, кога 70 годишниот Владан Анѓелковиќ рани маж во ногата, а потоа пукаше во плинска боца, што доведе до експлозија, а потоа и до пожар. Тој во Палатата на Србија изјави дека се случил „сериозен терористички чин“.Застреланиот Милан Богдановиќ татко на две деца е во тешка состојба, куршумот е сè уште во неговото тело во препоните и постои ризик од внатрешно крварење.
Упасениот Владан Анѓелковиќ при апсењето изјавил – Ме нервира окупацијата на центарот на градот. Го запалив со бензин, можете да проверите, истурив бензин на улицата Француска. И потоа пукав. Не сакам шатори и сакав да ме убиете. Сè направив сам, сакав да ме застрелате, бидејќи повеќе не можам да живеам.