Грција – Уапсени 37 лица за скандалот со европските земјоделски субвенции

0
68

Во акција на грчката полиција, што од рано утрово е во тек во повеќе делови на Грција, уапсени се 37 лица, членови на криминална организација која незаконски добивала субвенции од Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина.Од грчката полиција информираа дека операцијата што ја води потсекторот за борба против организиран криминал на северна Грција се спроведува во градовите Солун, Пела, Едеса (Воден) и Јанина, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Крит, со цел разбивање на криминална организација која се занимавала со тешки кривични измами на штета на економските интереси на Европската Унија и грчката национална економија, добивајќи незаконски субвенции од ОПЕКЕПЕ.