На 26 октомври 2025 г. ќе се одржи годинашново издание на “Гратче Траил” во организација на КПС “Осоговски Орел” Кочани.
Почетокот на трката е предвиден со старт од СРЦ “Бавчалук” во 10 ч. додека регистрацијата на учесниците и подигнување на стартните броеви во 09: 30 ч.
-Година патеката е изменета од претходната година, но вклучува дел кој се трча околу езерото Гратче. Стартот е од СРЦ Бавчалук Кочани се трча кон водопадите на Голема Река но се минува под селото Црвена Нива . На самите Водопади има окрепна станица за освежување. Потоа патеката оди кон местото Мактеон во Горно Гратче и следува спуст кој минува по круната на Езерото, овде има втора окрепна станица и потоа се трча по земјена патека од десна страна по течението на реката се до финишот.Должина на патеката е околу 19 км. Висинско искачување е 850 м., соопштија од КПС “Осоговски Орел” – Кочани.
Наградниот фонд е за прво, второ и трето место во машка и женска конкуренција, 6000, 4000 и 2000 денари.
Во чест на починатите членови на КПС “Осоговски Орел” во трагичниот пожар во “Пулс” ќе бидат доделени две награди, за најмлад учесник награда “Диме Димитријев” и за највозрасен – награда ” Ѓорги Величков”.
Цена за учество изнесува на настанот 800 ден. Цената вклучува стартен пакет кој содржи стартен број, финишер медал, производи од спонзори, освежителни станици, храна, брендиран ранец и брендирани чорапи со логото на клубот.


