Топлотен бран во октомври. Температури до 26 степени

0
47

Под влијание на продор на значително потопол воздух од југозапад, во Македонија следува период на потопло и променливо време, со температури над просекот за овој дел од годината.
Највисоки дневни температури се очекуваат во периодот од 24 до 27 октомври, кога максималните вредности ќе достигнуваат меѓу 19 и 26 степени Целзиусови.
Времето ќе биде променливо, со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец. Слични услови ќе преовладуваат и во Скопскиот регион, каде што исто така се можни повремени слаби дождови и умерен јужен ветер.
Поради наглите временски и температурни промени, се очекуваат неповолни биометеоролошки услови. Овие промени особено ќе се одразат кај метеопатите, кај кои може да се појават изразени здравствени тегоби. Се препорачува лицата чувствителни на временските промени да ги следат советите на својот лекар.
Во наредните денови и утринските часови ќе бидат потопли, бидејќи и минималните температури ќе се покачат во однос на претходниот период.