Сообраќајот на патот А1 Прилеп–Градско, кај „Заполошки мост“, е нормализиран откако од синоќа во 22:40 часот беше во прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.
Од утрово, на 21 октомври 2025 година во 07:40 часот, товарниот сообраќај спрема граничниот премин Блаце е пренасочен.
Во моментов, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, со умерен интензитет на движење надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.
АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимателно треба да се вози на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.


