Во многу тешка и речиси безнадежна ситуација е Србија, бидејќи Советот на Европската унија усвои забрана за транзит на руски гас низ ЕУ до трети земји, и таа мерка стапува на сила на 1 јануари. Тоа синоќа го изјави српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ,,„Суштината е дека Бугарија нема да дозволи проток на руски гас преку гасоводот Балкански поток, што ќе и наштети и на Србија“, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Според неа, Србија, иако „не била учесник во никаков конфликт, е погодена без каква било вина“.И покрај се, ќе направиме се што можеме, како и досега, граѓаните да не ги почувствуваат проблемите со кои се соочуваме, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.



