Рекордна неизлезност и речиси 54.000 неважечки ливчиња на Локалните избори,

0
85

Рекордно најмала излезност и 53.713 неважечки ливчиња на Локалните избори соопштија од Државната изборна комисија. Резултатите од локалните избори завчера покажаа пад на излезноста и зголемување на бројот на неважечки ливчиња во споредба со минатите избори а одзивот на локалните избори првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг.Според официјалните податоци на ДИК, на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирачи a излезноста во првиот круг на осмите локални избори, e најмала досега со 48,30% според обработени 99% избирачи на ниво на држава.