Oпштинскиот суд во Бјеловар го осуди 59-годишниот В.Ш. за сторено економско насилство во семејството, што се смета за прекршок според Законот за заштита од семејно насилство. Според пресудата, на 6 септември 2024 година, во утринските часови, мажот дошол во куќата каде што живееле неговиот син и снаа со пет малолетни деца и им рекол дека мора да се иселат. После тоа, како што е наведено во судскиот документ, тој им спречил нормално функционирање во домаќинството со исклучување на електричната енергија и водоснабдувањето. Судот го прогласи за виновен за такво однесување и го казни со парична казна од 550 евра, пренесува bjelovar.live . Во своја одбрана, 59-годишникот тврдеше дека не бил насилен, туку дека само го штител сопствениот имот. Тој објасни дека неговиот син и снаа ја користат неговата куќа без надомест, не плаќаат комуналии и со тоа, според него, предизвикале значителна материјална штета.„Тие ја користеа куќата без никаков надомест, не плаќаа комуналии и предизвикаа голема материјална штета. Затоа во август писмено ги замолив да се иселат од мојата куќа и им дадов еден месец да најдат друг смештај. Ги предупредив дека ќе им ја исклучам струјата и водата ако не се иселат во тој рок“, изјави обвинетиот.„Верувам дека не се однесував насилно кон нив, туку само го бранев мојот имот од нивната нелегална употреба“, додаде тој. Сепак, и покрај неговите тврдења и фактот дека тој е сопственик на имотот, судот заклучи дека тоа е форма на економско насилство и ја потврди казната.



