-2 степени измерени утрово во Берово

0
41

Утрово најниските температури во земјава се движеа од -2 до 8 степени Целзиусови. Најстудено беше во Берово со -2, а по него следуваат Попова Шапка со -1, како и Битола, Крива Паланка и Лазарополе со 0 степени. Во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Куманово утринската температура изнесуваше 2 степени, во Прилеп 3, а во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Демир Капија и Виница се измерени 4 степени, објави 4NEWS.mk
Во Штип, Велес, Кавадарци и Охрид температурата достигна 5 степени, во Претор 6, а најтопло утрово беше во Тетово и Гевгелија, каде се измерени 8 степени.
Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 14 до 20 степени Целзиусови.