Србија – Експерти од „Торлак“ во Москва поради руската вакцина против рак

0
28

Србија би можела да стане првата држава, по Русија, каде што на пациентите ќе им биде достапна персонализирана МРНК вакцина за лекување на канцерогени заболувања, соопшти Ненад Поповиќ, министер во Владата на Србија

Иновативната вакцина против онколошки заболувања е изработена во Русија и ги завршила сите фази на тестирање на животни, каде што, како што нагласува Поповиќ, е забележан целосен успех. До крајот на годината, тим од српски експерти по медицина, микробиологија и од Институтот „Торлак“ ќе биде во посета на Москва. Таму ќе се запознаат со целиот процес – од земање генетски профил до изработка на персонализирана вакцина, пренесува МИА.

Во моментов, вакцината е наменета за третирање на меланом и одредени типови на рак на белите дробови, но се развиваат и други верзии за лекување на различни видови на рак.