Радев до Унгарија: Да ги убедиме нашите браќа во Северна Македонија дека без уставни измени нема ЕУ

0
57

Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика Унгарија да ги убеди властите во Скопје дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија и почитувањето на нивните права се неопходни услови земјата да почне преговори за членство во Европската Унија.

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот, почитувањето на европскиот консензус и отсуството на притисок и дискриминација врз Бугарите се неопходен услов за почнување преговори за членство во Европската Унија“, изјави Радев по средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шујок, пренесе „БНР.бг“.

Радев и Шујок разговарале и за ситуацијата во регионот и за процесот на проширување на ЕУ, при што Радев истакнал дека Софија го поддржува европскиот пат на балканските земји, но треба да зависи од индивидуалните заслуги на секоја држава.