0800-54321 е линијата во случај на повреда на гласачкото право. Контакт за канцеларијата во Штип: 032 389-701

0
31

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите надлежни институции
За време на денешниот прв круг од локалните избори граѓаните ќе можат да пријават било каква повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-54321 која за таа намена е отворена во канцеларијата на Народниот правобранител.

Телефонскиот број ќе функционира во перидот до 7 до 19 часот, односно од отворањето на избирачките места, па се завршувањето на гласањето.
Покрај телефонски, граѓаните ќе можат да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Куманово, Кичево, Струмица, Тетово и Штип.

За заштита на своите гласачки права, граѓаните, исто така, ќе можат да се јават и на следните телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите надлежни институции.