Од почетокот на годината, во Црна Гора се идентификувани 30 жртви на трговија со луѓе

0
49

Во Црна Гора, од почетокот на годината, поднесени се 17 кривични пријави против 19 лица за кривични дела трговија со луѓе, а 30 лица се идентификувани како жртви, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Црна Гора.
Според податоците на МВР на Црна Гора, најчести форми на експлоатација остануваат принудната работа и просењето, со евидентирани случаи на сексуална експлоатација и нелегален брак.