Денес дожд, утре сонце

0
74

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени, локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а дневната температура ќе се движи од 7 до 16 степени.

Утре ќе има променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе се искачат од 10 до 18 степени.
Од недела до вторник ќе преовладува претежно стабилно и суво време, додека во среда повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.