Германски политичар кај Минхен фатен со кокаин – се спротивставил на полицијата, па бил соборен на земја и приведен со лисици

0
55

Германската полиција уапси градоначалник на општина во близина на Минхен, откако кај него пронашла кокаин пред влезот на ноќен клуб. Настанот се случил минатата сабота во близина на главната железничка станица во Минхен.

Како што пренесува Kronen Zeitung, станува збор за Томас Парделер, градоначалник на општината Нојбиберг и член на владејачката партија ЦСУ. При полициската контрола, кај него биле пронајдени околу 0,2 грама кокаин.

Парделер одбил да ја предаде кесичката со бел прашок, по што полицајците биле принудени да го соборат на земја и да му стават лисици. По приведувањето, бил однесен во полициска станица, каде што бил пријавен, а потоа пуштен на слобода.
Инцидентот доаѓа во мошне неповолно време за 37-годишниот политичар и предизвика бурни реакции во јавноста и во редовите на неговата партија.