Унгарија ќе се погрижи рускиот претседател, Владимир Путин, непречено да влезе на нејзина територија за средба со американскиот претседател, Доналд Трамп, и успешно да се врати во Русија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Трамп вчера се согласи втората средба со Путин, по онаа во Алјаска, да се одржи во унгарскиот главен град. Тој откри дека таа би можела да се одржи во следните две недели.
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, вчера и денес разговараше со американскиот претседател и објави дека подготовките се во тек „со полна брзина“.


