Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

0
70

Двајца тинејџери, еден со потекло од Македонија и еден од Чеченија, повторно се наоѓаат во притвор во Австрија под сомнение за терористички активности, објави австрискиот портал „Хојте“.

Тие двајца уште летото 2023 година беа осудени од регионалниот суд во Леобен на делумно условни казни од 15 и 16 години, поради планирање напад врз средно училиште и намера за воспоставување „калифат“ во Австрија. Според обвинението, нивните цели биле насочени кон убивање христијани.

Едниот од нив, сега 17-годишен, бил ослободен предвреме по отслужување на две третини од казната, а бил под надзор и вклучен во програма за дерадикализација и психотерапија. Но, австриското обвинителство сега тврди дека повторно покажал знаци на радикализација – планирал вооружен напад со автоматска пушка и се обидел да прибере средства за купување оружје. Моментално одбива соработка со властите.

Неговиот соучесник, 18-годишен чеченски државјанин, бил уапсен на македонската граница кон крајот на август при враќање од татковината. И тој е осомничен за нови планови за терористички напади, вклучувајќи можност за употреба на експлозивни направи. По условната казна од првото судење, повторно е во затвор, пренесува слободенпечат.мк.