На полноќ почнува изборниот молк. Денеска последен ден од кампањата пред првиот круг на локалните избори

0
42

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред првиот круг на локалните избори, кои ќе се одржат в недела, на 19 октомври.
Политичките партии, независните кандидати и коалициите уште денеска имаат можност да им се претстават на граѓаните со своите визии и програми за локалниот развој.
Утре, во сабота, право на глас ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и лицата во затвори и притвори.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список за овие избори изнесува 1.832.415. Од нив, 1.717.803 се во земјава, 112.000 се на привремена работа или престој во странство, 2.162 се лица кои ја издржуваат казната затвор или се во притвор, а 450 се сместени во домови за стари лица.

Во понеделник, на 20 октомври, ќе започне нова кампања за општините каде што градоначалник нема да биде избран во првиот изборен круг.