Експлозија во осумкатна станбена зграда во главниот град на Романија, Букурешт, предизвика уривање, при што загинаа две лица, а 12 беа повредени, објавија локалните медиуми денес.
Според порталот Hotnews.ro, од силата на експлозијата се скршиле ипрозорците на блиското средно училиште. Експлозијата целосно урнала два ката и оштетила неколку под нив, пренесува Ројтерс.
Како што објави порталот Biziday.ro, повикувајќи се на службите за итни случаи и Министерството за здравство, најмалку две лица загинаа, а 12 се повредени.
Екипите го пребаруваа местото на експлозијата.


