Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, до крајот на денот и утре времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Најобилни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови на земјата, каде локално може да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.
Ќе дува слаб до умерен ветер – долж Повардарието од југоисточен правец, а во западните предели од источен и североисточен.
Со продорот на постуден воздух од североисток, на највисоките планински предели (над 2000 метри надморска височина) можно е појава на повремен снег.
Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Максималните дневни ќе се движат од 9 до 15 степени, а утре ќе бидат нешто повисоки – меѓу 12 и 20 степени.



