Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 65-годишниот И.З. од село Слупчане, општина Липково, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на 2023 година пријавениот, во својство на матичар, упишал непостоечки брак во матичната книга на венчани меѓу лице од Албанија и лице од Унгарија. При извршениот увид во книгата на пописни акти било утврдено дека за овој брак не постои заведено барање за издавање извод, што укажува на фалсификуван запис.


