Филипче предупредува на буџетски дефицит од 1,4 милијарди евра – Владата возвраќа: Буџетот е стабилен

0
47

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибина во Маврово и Ростуше предупреди дека до крајот на годината во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра, што, според него, може да го загрози исплаќањето на плати, пензии и социјална помош. Тој ја обвини Владата за лоши економски политики и пад на странските инвестиции.

Од Владата реагираа дека тврдењата на Филипче се неточни, нагласувајќи дека буџетот е стабилен и ликвиден, а сите обврски се сервисираат навремено. Според нив, јавниот долг е под контрола, капиталните инвестиции растат, а економијата бележи стабилен раст и ниска инфлација.