Вечерва Штип ќе биде место каде музиката ќе ја лекува тагата.
Познатиот басист Александар Коларов-Цеа, кој остави длабок музички отпечаток во Штип и низ Македонија, ќе биде одбележан со спонтан Џем Сешн во Дом на млади-Штип. Тој беше дел од бендот на Филип Стевановски и музичката екипа на ДНК – дел од луѓето кои трагично ги загубија животите во „Пулс“.
Музичарите ќе ја споделат својата енергија и љубов кон музиката за да го чуваат сеќавањето на Коларов. Настанот е повеќе од концерт – тоа е израз на почит, пријателство и хуманост.
Влезот е слободен.


