Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја реафирмира посветеноста на полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ и ја истакна разликата меѓу Балтикот и Балканот, потенцирајќи дека некои членки на ЕУ го условуваат процесот на интеграција со билатерални прашања.
На средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Сиљановска-Давкова посочи дека е подготвена за македонско-бугарски разговори по локалните избори и ја нагласи важноста на реформите во судството, борбата против корупцијата, како и инфраструктурните и дигиталните проекти.
Фон дер Лајен ја потврди поддршката на ЕУ за Северна Македонија, истакнувајќи дека единствениот чекор пред почетокот на преговорите е спроведување на договорената промена на Уставот: „Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена.“


