Светски ден на храната 2025: „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“

0
36

Под мотото „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“, денес се одбележува Светскиот ден на храната и 80 години од основањето на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). Настанот има за цел да истакне значењето на заедничките напори за одржливи системи на храна и заштита на природните ресурси.

Во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се засадат дрвја како симбол на посветеноста кон зелена и одржлива иднина. Дел од програмата се и фотографска изложба за работата на ФАО во изминатите 80 години, креативни активности за деца и млади, како и можност за учесниците да остават лични пораки за подобра и одржлива иднина.