Приведени 39 Албанци кои нелегално работеле на градилиште во Брвеница

0
54

Во заедничка акција на полицијата и инспекциските служби, во селото Стенче, општина Брвеница, биле приведени 39 државјани на Албанија кои нелегално работеле за градежна фирма.

Контролата, спроведена на 15 октомври од 12:00 до 18:30 часот, ја реализирале полициски службеници од СВР Тетово во соработка со Државниот инспекторат за труд, Пазарниот инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Тетово.

На терен било утврдено дека странските државјани, на возраст од 20 до 65 години, не биле пријавени како работници, туку го злоупотребиле туристичкиот престој и работеле спротивно на законските прописи.
Работниците се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави и за нив и за сопственичката на фирмата од Тетово.