Почнува дистрибуцијата на доверливиот изборен материјал за локалните избори

0
29

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола денес почнува дистрибуцијата на доверливиот материјал до Општинските изборни комисии за локалните избори што ќе се одржат в недела, на 19 октомври. Материјалот, кој вклучува гласачки ливчиња и Избирачки список, ќе биде под постојано полициско обезбедување до денот на гласањето.

Испечатени се 1.832.415 ливчиња за избор на градоначалници и советници, како и дополнителни за Град Скопје, каде право на глас имаат 474.304 избирачи. Во сабота ќе гласаат болните, немоќните, затворениците и лицата во домовите за стари лица, а во недела гласањето ќе се одвива од 7 до 19 часот со биометриска идентификација.