Кривична пријава е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници за сторено кривично дело „царинска измама“ со увоз на додатоци за храна, со што Буџетот на државата е оштетен за 622.492 денари.
Станува збор за увози реализирани од октомври 2022 година до мај 2023 година, кога стоката била пријавувана во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки, во договор меѓу увозникот и шпедициите.
Делото е откриено при контроли од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва. Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а се донесени и решенија за дополнителна наплата.
Царинската управа најавува продолжување на мерките за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.


