Денес се навршуваат осумнаесет години од трагичната смрт на Тоше Проески, големата македонска и балканска музичка ѕвезда, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб.
Во негова чест, и оваа година се одржува традиционалниот маратон од Нова Градишка до Крушево, во кој учествуваат четиринаесет маратонци. Тие ќе го завршат својот пат на Гумење, кај спомен-обележјето и вечното почивалиште на Тоше.
Крушево, градот на неговото детство и вечен дом, денес повторно се сеќава на уметникот чиј глас и добрина оставија неизбришлива трага. На 25 јануари ќе се одбележи и неговиот 39. роденден.
Тоше Проески започна како дете на „Златно славејче“, а подоцна стана идол на целиот регион. Настапуваше на сите големи фестивали, ја претставуваше Македонија на Евровизија 2004 и беше амбасадор на УНИЦЕФ.
Во својата кратка, но блистава кариера издаде седум албуми, меѓу кои и последниот „Игри без граници“, промовиран само две недели пред несреќата. Неговиот последен концерт на 5 октомври 2007 година остана запаметен како симбол на неговата хуманост и љубов кон луѓето.


