Орбан најави средба со Трамп за економски договор меѓу САД и Унгарија

0
66

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави дека наскоро очекува средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, со цел дискусија за економската спогодба меѓу двете држави.
“Постои датум, а преговарачката агенда е подготвена околу 80 проценти. Кога ќе се согласиме со Американците за преостанатите 20 проценти, заедно ќе одлучиме кога да ја објавиме средбата, а потоа тоа ќе се случи”, изјави Орбан во разговор за информативниот портал “Мандинер”.
На самитот одржан во Египет во понеделникот, Трамп отворено го поддржа унгарскиот премиер, опишувајќи го како “одлична” личност и “фантастичен” лидер, според унгарскиот веб-сајт.