Денеска од 19:30 часот во Гумерсбах, македонската женска ракометна репрезентација ќе го игра првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026 година против Германија.
На следното ЕП пласман ќе обезбедат двете најдобри селекции од секоја од шесте квалификациски групи, како и четири најдобри третопласирани репрезентации.
Составот на Македонија за денешниот меч: Чурлиноска, Петковска, Гакидова, Коларовска, Гугуљанова, Џатевска, Младеновска, Јанкуловска, Коцева, Кипријановска, Седлоска, Арсениевска, Миленкоска, Јанеска Килдан, Ризоска, Дамјаноска.
Првиот меч од групата 3 го одиграа Словенија и Белгија, а Словенија славеше со 29:22.
Денешниот дуел: Германија – Македонија, 19:30 часот


