Во Основниот суд во Штип денес ќе бидат изнесени завршните зборови во постапката против А.А., обвинет за физички напад врз деца на фудбалскиот натпревар
помеѓу Брегалница и Шкупи, што се случи на 24 август годинава. Судот најави дека пресудата ќе биде објавена во наредните денови. Настанот предизвика силни реакции во јавноста и повик за поголема заштита на младите спортисти.


