По Мицкоски последен пат вчера, денес и Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски порача дека предвремени парламентарни избори нема да има. Николоски посочи дека Владата е стабилна, дека реформските процеси треба да продолжат, а парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин 2028 година.
Од друга страна од СДСМ велат дека ВМРО ДПМНЕ на локалните избори ќе добие порака од граѓаните. Имплицитно ова значи дека предвремени парламентарни избори би можело да има во март идната година, а за што СДСМ биле подготвени…


