Меѓународен ден на руралните жени

0
66

Националната федерација на фармери, со поддршка од шведската организација We Effect, денеска во Дојран ќе го одбележат Меѓународниот ден на руралните жени.
На настанот ќе се обратат претседателот на Федерацијата Стеванче Јорданоски, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и директорката на We Effect, Пиа Ставас Мајер.

Во рамки на панел-дискусијата „Родова еднаквост во руралните средини – предизвици и можности“ ќе биде презентиран регионалниот извештај за положбата на руралните жени на Западен Балкан.

Ќе бидат доделени благодарници за успешни земјоделки, операторки за храна и активистки кои придонесуваат за еднаквост и развој на руралните заедници.
На настанот ќе биде претставена и новата регионална координаторка на Мрежата на НФФ за жените фармери.
Меѓународниот ден на руралните жени се одбележува секоја година, по одлука на Генералното собрание на ОН од 2007 година.