Ученици од средните училишта ширум земјата имаат можност да се пријават за главната награда за најдобра бизнис идеја во државата – „Средношколец милионер“, и тоа до 26-ти октомври.
Право на учество имаат сите ученици од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта, кои може да аплицираат индивидуално, во пар или во тим кој брои до шест членови, информираат од Бреинстер колеџот.
Минатата година, под истата капа на организатори, беше организиран најголемиот натпревар за математика ULIMATH, во кој најдобриот математичар од Македонија доби награда од 10,000 евра.



